Wednesday, March 2, 2011

Боровинки (Черника ) дражеи 150 gr.
Традиционално, боровинките се користитат во исхраната  бидејќи имаат пријатен и освежувачки вкус. Сепак, пријатниот  вкус не е единствената причина за користење на боровинки во човечката исхрана. Во народната медицина, посебно  во северна Русија   од поодамна  боровинките  се применуваат за да се подобри видот и исто така за решавање на многу проблеми поврзани со функционирањето на очите. А најновите научни студии потврдуваат  дека поради својот хемиски состав, боровинките имаат  многу корисно дејство врз очите.
Во составот на боровинките влегуваат флавонаиди  кои ги  зајакнуваат  капиларите на ретината на окото, а  се зголемува и функцијата на пигментите  на очите . Гликозид  миртилин-от  ја зголемува чувствителноста на мрежницата на окото. Редовната употреба на боровинки го подобрува видот, го намалува чувството на напрегање на очите по долго време напорна  работа на компјутер, во вештачки осветлени простории, по долго читање или работа со  документи или некакви ситни детали  (било која работа што ги оптеретува  вашите очи).
Во овој производ, делувањето на боровинките е зголемено со додавање на   перга - производ од  пчеларството, кој исто така е познат по своите лековити својства на организмот како целина. Перга е многу  важен извор на провитамин А (бета-каротен), кој исто така е исклучително важен за правилно функционирање на окото. Покрај тоа, активните состојки кои се  содржани во  состојката  перга ги  смалуваат  штетните ефекти на токсичните супстанции во мрежницата на окото. Витамините  Ц и П  ја подобруваат работата на крвните садови, ги елиминираат  спазмите  во мазните мускули на крвните садови и на тој начин обезбедуваат  подобра исхрана на окото со хранливи материи.
Покрај тоа, во боровинките  исто се наоѓа  соединението  (оксикумарин- oksikumarine)  којшто има антикоагулантен ефекет, со што ја подборува циркулацијата на крвта, а со тоа ја подобрува работата на кардио-васкуларниот систем.
Уште едно својство на  боровинките  е дека тие ги  ублажуваат  последиците од стареењето на организмот, бидејќи имаат  изразена антиоксидантна  активност што ги  прави многу ефективни во борбата со слободните радикали.
Уникатната  технологија која се користи за производство, овозможува целосно зачувување на сите корисни  својства на боровинките. Количината  на активните  состојки и биолошкото  делување  е исто како што се  во свежа состојба на  органски одгледуваните   боровинки, заедно со  повеќето мошне  корисни  биолошки активни супстанции од мед и перга се врши  значително зајакнување на основото делување  на боровинките, затоа што мешавината на овие  компоненти има силно заедничко  дополнувачко ( синергистичко ) дејство .

Ефектите на производот  се :
• ги штити  очите од замор, надразнетост  и го успорува  слабеењето на видот ;
• ја  подобрува  адаптационата моќ  на очите  и видот  во мракот;
• ги зајакнува капиларите на окото;
• ја нормализира  промената  на материите  во окото;

Терапевтски  индикации:
Дражеите  " боровинка "  се корисни  за возрасните , но исто  така се препорачуваат  за деца, ученици и сите оние  чиишто очи биле на некој начин оптеретени  ( со учење, работа, престој во загадена и штетна животна средина итн.) - Наменети се за сите оние коишто  се грижат за сопственото здравје .

Состојки:
боровинки, перга, високo квалитетен  мед од северниот дел на Русија.

Начин на употреба :
Возрасни :
•1/2  до 1 лажиче 2-3 пати дневно, да се топи во вашата уста, 30-40 минути пред јадење.
Деца:
• 1 до 3 години по ¼ лажиче 2 - 3 пати дневно да се топи во вашата уста, 30 - 40 минути пред јадење.
• 3 до 7 години во 1/3 лажиче  2 - 3 пати дневно да  се топи во вашата уста, 30 - 40 минути пред јадење.
• 7 до 14 години по ½ лажиче 2 - 3 пати дневно се топи во вашата уста, 30 - 40 минути пред јадење.

Контраиндикации:
индивидуална преосетливост на пчеларските производи.
Препорачливо  времетраење на терапијата 1 - 1 и ½ месец .

No comments:

Post a Comment